Skip to content
32 items
Activating this element will cause content on the page to be updated.

Ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ наградени на 43-та Школа на млади физичари

На 28.11.2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 43-та Школа на млади физичари организирана од страна на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), а во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“. Школата беше наменета за учениците од основните училишта кои го изучуваат предметот физика и нивните наставници. Програмата се состоеше од натпревар во експерименти, демонстрации и изработки, како и од интересни предавања на актуелни теми од областа на физиката и природните науки од страна на еминентни универзитетски професори. 25 ученици од ООУ „Димитар Муладинов“, Скопје, под менторство на наставничката Аида Петровска учествуваа во оваа манифестација. Самостојно или во парови, учениците се претставија со свои експерименти, демонстрации или изработки од различни области на физиката. И оваа година учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ постигнале извонредни резултати и осум ученици биле наградени. --------- I - награда: Јана Арсова ; II – награда: Марија Стерјева ; -------- III - награда: 1. Дорис Нацева, 2. Андреа Кошутова, 3. Милан Јосифовиќ, 4. Дамјан Младеновски, 5. Леонид Паневски, 6. Нелсон Узеир.

Items