Wakelet Logo

Зошто треба да го донесеме кодирањето во нашата училница?

Оваа 2020 година, Неделата на кодирање се одржува помеѓу 10 и 25 октомври. Неделатна кодирање слави креативност, решавање проблеми и соработка преку програмирање и други технолошки активности. Идејата е да го направиме програмирањето повидливо, да им покажеме на учениците како да ги оживееме идеите со код, да ги демистифицираме овие вештини и да ги мотивираме да учат. Овие активности можеме да ги спроведеме и без компјутер. Веќе 6 години кодираме и се забавуваме со илјадници училишта од Европа. Ако до сега не сте се пуштиле во оваа авантура, ви препорачувам да ни се придружите.