Skip to content
87 items
Activating this element will cause content on the page to be updated.

„Да зборуваме за климатските промени“

За ефектот на стаклена градина најмногу придонесуваме ние луѓето со гасовите од индустријата и земјоделството, со што се задржува повеќе енергија, зголемува температура и се прават ненадоместиви штети. Се повеќе уништуваме растенија а се помалку садиме, ги исцрпуваме последните количества од необновливите извори на енергија а за обновливите повеќе зборуваме отколку што ги користиме. Се што ќе започне како позитивна еколошка иницијатива го гаснеме по неколку години без да ги согледаме добиените резултати, се уште се бараме и како да не сакаме да си се пронајдеме. Веќе е сигурно и знаеме дека со нашето однесување предизвикаме недостиг на питка вода, здрава храна, поплави, невремиња и топлински бранови сето тоа е последица од екстремните временски промени. Растенијата и животните ќе изумрат затоа што живеалиштата се менуваат побрзо од можноста на нивно прилагодување. Јаглеродниот отпечаток е се поголем а борбата против глобалното затоплување треба да биде приоритет за сите, без разлика во кој дел од планетата живееме.

Items