Skip to content
20 items
Activating this element will cause content on the page to be updated.

Вселена, космос или универзум

По повод - Светската недела на вселената од 04 до 10 октомври 2019 година. Темата за настанот оваа година е "Месечина - порта кон ѕвездите", па да почнеме да ја набљудуваме. На денешен ден16. јули, пред 50 години точно во 13:32 UTC, гледавме на телевизија и слушавме на радио како ракета Сатурн V го носи леталото Аполо 11, а во него Нил Амстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс кон Месечината. Денес 16.07.2019 год. Вселената го слави овој јубилеј со несекојднвен спектакл - делумно затемнување на Месечината кое ќе може да се набљудува ноќеска во поголемиот дел од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка. Доколку дозволат временските услови ќе уживаме во несекојдневната глетка. Затемнувањето настанува кога природниот сателит влегува во сенката на Земјата и кога Земјата се наоѓа токму помеѓу Месечината и Сонцето. Месечевите затемнувања се поретки од сончевите, но поради големината на сенката на Земјата, тие секогаш може да се видат на речиси целата полутопка каде што е ноќ. Затемнувањето на Месечината е безопасно и може да се гледа со голо око, двоглед или помал телескоп. За време на затемнувањето, околу 65 проценти од дискот на Месечината ќе биде затемнет. ....................................................... Од прилозите можете да дознаете многу за Вселена, космос или универзум.

Items